На 01.04.2021 Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Крушево, го лишиле од слобода А.Ј.(26) од с.Саждево, прилепско, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, превидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.
Имено, по претходна наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот и помошни простории на А.Ј. и неговиот татко Р.Ј., при што полициски службеници пронашле и одзеле ловна пушка и 15 патрони за неа, без да поседуваат документација за неа. Р.Ј. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.