Малолетник нападнал 83-годишна кавадарчанка и и одзел пари, за ова денеска информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– Вчера во ОВР Кавадарци, С.П.(83) пријавила дека околу 08.10 часот во нејзиниот двор физички била нападната од еден малолетник, кој и одзел пари. По преземени мерки, малолетникот бил пронајден и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Додевски.