ОВР Струга поднесе кривична пријава против 48-годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
СВР Охрид соопшти дека при претрес на Р.А.(48) била пронајдена и одземена марихуана.
– При преглед на лицето, извршен на улица „Партизанска“ во Струга, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, стои во информацијата на полицијата.