Полицијата приведе четириесет и четири годишен жител на Тетово со цел да да биде спроведен за издржување на затворска казна. Тој е осуден на една година затвор за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

-Денеска околу 10 часот и 15 минути, во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово со судска наредба го привеле Ш.Р.(44) од Тетово, осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

По приведувањето Ш.Р. спроведен е во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2021 14:10