Во изминатите 24 часа во Кичево и околината се случија два пожари, од кои едниот во градот каде беше опожарена барака и другиот во село Мидинци, каде беше опожарена поголема површина земјиште обрасната со нискостеблеста вегетација.

И двата пожари се изгаснати по интервенцијата на екипа на ТППЕ Кичево, потврди командирот Горан Соколески.

-Во изминатото деноноќие на територија на општина Кичево регистрирани се два пожари. Првиот пожар се случи вчера околу 18 часот, кога беше опожарена поголема површина обрасната со нискостеблеста вегетација во близина на селото Мидинци. Вториот пожар се случи рано утринава околу 2 часот, кога беше опожарена барака сместена во кругот на деловниот објект Набизи, лоциран на магистралниот пат Кичево-Гостивар.И при двата пожари нема повредени лица а материјалната штета и причините за нивната појава, допрва ќе се утврдуваат-истакна командирот Соколески.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2021 14:32