Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет, осум санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три санкции за користење мобилен телефон, 21 прекршок што го чинат пешаците, пет за управување под дејство на алкохол, три за некористење сигурносен појас и 35 санкции за непрописно паркирани возила. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.