Жител на дебрчкото село Мешеишта е лишен од слобода поради сомневање дека опожарил две патнички моторни возила, сопственост на припадници на Шумската полиција.
Според СВР – Охрид, 33-годишниот мешеиштанец се сомничи дека предизвикал пожар во две патнички моторни возила – „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на жител од селото Лешани и „Санг јонг корандо“, сопственост на лице од селото Требеништа, двајцата вработени во Шумска полиција Охрид.
Екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид интервнерирале и ги угаснале опожарените возила при што е причинета само материјална штета. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.