На 05.04.2021 во 15:55 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потрага во атарот на село Арачиново го приведоа Б.З. (31), кој се барал со потерница по наредба на Основен суд Скопје 1, за издржување затворска казна од две и пол години. Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2021 23:05