Во СВР Велес, синоќа околу 19 часот било пријавено дека во угостителски објект во Демир Капија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ж.К.(57) и М.Ч.(42), двајцата од Демир Капија.
Како што информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.