Тетовската полиција открила две лица во периодот на полицискиот час кои се движат без дозвола и поради што се приведени во полициска станица. Едниот е жител на Скопје, додека другиот е од тетовско Нераште.

-Околу 22:50 часот на пункт во тетовско Желино бил лишен од слобода 28-годишен скопјанец, кој се превезувал во патничко моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки. Нешто подоцна на локален пат во тетовско Нераште, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 31-годишен жител од ова село, кој не ја почитувал забраната за целосно движење од 22 до 5 часот. Двајцата приведени ќе се соочат со поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тетовската полиција изминатото деноноќие за неносење заштитни маски на 32 лица од Тетовско им има изготвено прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2021 13:59