Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против 55-годишно лице од село Долна Бањица за злоупотреба на службена положба и овластување во гостиварската поштенска служба.

-Обвинетиот 55-годишник од село Долна Бањица, во периодот од ноември до декември 2019 година, во својство на службено лице – картист-насочувач во Подружница ЦРПС Гостивар, присвоил поштенска пратка од Република Србија наменета за лице од село Добридол, во која имало банкарска картичка и пин број со која оштетениот требало да ја подигне пензијата. Потоа, обвинетиот неколкупати ја употребил картичката и од банкомат подигнувал готовина, при што вкупно противправно присвоил 15.000 денари, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2021 15:07