СВР Куманово поднесе кривична пријава против 16 – годишник од кумановско село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
На 03.03.2021 пријавениот во финансиско друштво ја дал личната карта на неговиот постар брат, со намера да подигне кредит, спротивно на услови утврдени со закон, без негова согласност и се обидел да ги злоупотреби и искористи неговите лични податоци.