Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37, шест за возење без возачка дозвола, четири санкции за возачи на мотоцикли, пет за непочитување на првенство на минување.

Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за некористење сигурносен појас и 25 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2021 11:45