Тиквешани трагаат по лице кое украло новчаник од повозрасна жена и 86 илјади денари. На социјалните мрежи се споделува фотографија и се бараат информации за личноста на фотографијата, име, презиме, прекар, место на живеење, место на движење.

-Станува збор за личност која во четвртокот на градскиот пазар во Неготино украла новчаник од чанта на повозрасна жена, во новчаникот бил пинот од картичката од која се извадени 86000 денари, стои во описот на фотографијата.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски за МИА потврди дека е пријавен таков случај. Тој нагласи дека полицијата трага по сторителот.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2021 23:08