На консултациите на премиерката Ана Брнабиќ одлучено е да се поведе постапка за промена на Уставот на Србија во областа на правосудството, јави дописникот на МИА од Белград.

Брнабиќ денеска на прес-конференција изјави дека владеењето на правото е важна тема и дека сака консензус за измените на Уставот во областа на правдата.

-Во разговор со претседателот Александар Вучиќ и колегите од владата, сфатив дека многу разговараме со претставниците на ЕУ, земјите членки на ЕУ, меѓународните организации и сите други партнери за реформите што во таа област ги спроведуваме како влада, но ние многу малку комуницираме за ова со граѓаните, ја објасни Брнабиќ причината за свикување на прес конференцијата.

Таа изјави дека во тек е подготовката на преднацрт на три закони што ќе ги исполнат повеќето препораки на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) во врска со изборните услови, а тоа се измени во Законот за избори на пратеници, Законот за локални избори и Законот за избор на претседател на Републиката.

Говорејќи на владината прес-конференција за изборните услови и меѓупартискиот дијалог, Брнабиќ кажа дека во врска со препораките, меѓу останатото се пропишува и воспоставување јасни критериуми за тоа кои партии се сметаат за партии на националните малцинства за да не се заобиколува законот.

Таа додаде дека тука е и следењето на работата на телата што ги спроведуваат изборите од домашни и странски набудувачи и воведување на општински градски изборни комисии.

Брнабиќ порча дека во преднацртот на споменатите измени и дополнувања на законите ќе бидат вклучени партнери на ОБСЕ и ОДИХР, од кои се побарани списоци на сите граѓански организации за некои да не бидат изоставени

Брнабиќ кажа дека покрај овие прашања во врска со меѓупартискиот дијалог, како и дијалогот во парламентот со посредство на европратениците, има и голем дел што владата мора да го сработи и да владата работи на тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 00:19