Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, три за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 20 санкции за користење мобилен телефон, 37 прекршоци што ги чинат пешаците, 16 за некористење сигурносен појас, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), две санкции за возачи на мотоцикли и 49 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 11:28