Заклучно со средата, 7 април, во Република Кипар, биле спроведени 174.626 вакцинации, од кои 124.165 се однесуваат на првата доза, а останатите 50.461 се ревакцинации, јави дописничката на МИА од Атина.

Според Министерството за здравство на Кипар, денеска се отворени 15 илјади термини за регистрација на граѓани на возраст од 59 и 60 години, а процесот на имунизација тече регуларно за лицата постари од 61 година.

Република Кипар, со нешто помалку од 876.000 жители, од почетокот на пандемијата има регистрирано 49.988 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 268 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 11:31