Камион на српската војска, кој превезувал три ракети од ракетниот систем „Панцир“, слетал од патот и се превртел, објави порталот Пинк.

При несреќата, испаднала една од ракетите.

Несреќата се случила на обиколницата околу Белград, во близина на исклучувањето за Обреновац, во правец на Остружница.

Тројца војници, кои биле во возилото, побарале медицинска помош поради здобиените повреди.

Сообраќајот е во прекин во двата правци, а според Пинк нема потенцијална опасност.

Српското Министерство за одбрана потврди дека несреќата се случила утрово и дека во тек е увид на местото на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2021 12:38