Полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Карпош го лишиле од слобода Р.Џ.(33) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело „тешка кражба“ во патничко моторно возило.
Кај Р.Џ. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, а при негово легитимирање приложил возачка дозвола на име С.Р., бидејќи имал забрана за управување на моторно возило до 2022 година.
Тој е приведен и задржан во Полициска станица Карпош, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.