Полицијата денеска приведе жител на Гајре кој кратко пред тоа бил пријавен дека се движи вооружен. Приведувањето се случило околу 14 часот, на ул.„Илинденска“ во Тетово.
– Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.М.(38) од село Гајре, постапувајќи по пријава пристигната непосредно пред тоа во СВР Тетово дека лицето со себе носи пиштол. Л.М. бил приведен во полициска станица и кај него се пронајдени револвер и куршуми, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.