Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од Банско, затоа тоа што завчера околу 17:40 часот на ул.„Невена Стојкова“ И.Д. извршил обљуба врз 18-годишна девојка од струмичко село, а М.Д., А.Д. и уште две лица му помогнале во намерата.

Како што соопштија денеска од МВР, лицата биле лишени од слобода и по обезбедените докази вчера биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, кој на тројцата им определил мерка притвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2021 13:31