Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на делницата Скопје-Охрид-Свети Наум, а во текот на вчерашниот ден (10.04) санкционирани се 330 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.

Притоа, 21 возач возеле со дури 70 километри на час над дозволената брзина, а 124 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното.

Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека има намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2021 12:45