На 10.04.2021 во 17.30 часот на место викано „Соларна централа“ од полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор Старавина е приведен О.С.(40) од Прилеп, кој се превезувал во патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки.
При направена проверка било констатирано дека за него е распишана потерница за издржување на казна затвор.
Лицето е предадено во Казнено поправна установа Затвор Битола.