Санкционирани се 63 возачи од Куманово кои управувале со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска СВР Куманово.

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на вчерашниот ден спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на територијата на Куманово. При контролата откриени се и законски санкционирани и пет останати прекршоци.

-Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата, информираа од СВР Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2021 13:40