Сообраќајна несреќа се случи вчера на влезот од селото Согле, општина Чашка, и тоа меѓу патничко моторно возило „Рено меган“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 26 годишниот Б.Т. и патничко моторно возило „Опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 38 годишниот Н.П. од Велес. Со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а двајцата возачи и двајца сопатници со телесни повреди.

Сопатникот кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес, е 79-годишниот С.П. од Велес.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека за настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидната екипа од СВР Велес.

Како што информира портпаролката на велешката болница, д-р Елеонора Јованова, синоќа околу 19:30 часот од страна на Итна медицинска помош на Одделот за хирургија донесени биле пет лица повредени во сообраќајна несреќа. Од нив четири лица се здобиле со лесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување, додека пак едно лице маж на 79 -годишна возраст се здобил со скрешеници на четири ребра при што е задржан на болничко лекување на Одделот за ортопедија и трауматологија при ЈЗУ Општа Болница Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2021 16:01