Денеска (13.04.2021) полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Ј.(36) од с.Табановце, затоа што при извршена контрола во патничко возило „форд фокус“, со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. Лицето е приведено и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2021 22:06