На 12.04.2021 во периодот од 13 до 18.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во дом и помошни простории на М.М.(32) од Тетово и притоа одзеле повеќе парчиња разновидна опрема, поради сомнение дека бил инволвиран во кривично дело „повреда на авторски и сродни права“, казниво по член 157 од Кривичниот законик.
Од МВР денеска соопштија дека тој бил повикан во СВР Тетово и по комплетно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.