Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од село Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
На 29.03.2021 пријавената отишла во куќата на Л.А. во село Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути, појаснуваат во денешното соопштение од МВР. На 07.04.2021, полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот.