Министерството за внатрешни работи вотекот на вчерашниот ден (13.04) продолжи со засилените акциски контроли вообласта на сообраќајот.

На 13.04.2021 на подрачјето на СВРБитола биле извршени контроли во сообраќајот, при што биле откриени и санкционирани129 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 11 возачи кои не поседувалевозачка дозвола, две возила со истечена регистрација, пет возачи кои зборувалена мобилен телефон, двајца кои не користеле сигурносен појас и двајца коиизвршиле неправилно престигнување.

Под дејство на алкохол бил еден возач и тојбил отстранет од сообраќај. За сите прекршоци издадени се соодветни налози. Засилените сообраќајни контролипродолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2021 15:07