Шеесет и седумгодишниот кумановец по кого трагаше и семејството и полицијата е пронајден мртов во нива во населбата, на телото нема траги на насилство, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во 12:32 часот во СВР Куманово, Д.С. од Куманово пријавил дека пронашол починато машко лице додека извршувал земјоделски работи на нива во населбата Карпош.

-Од страна на лекар било утврдено дека на телото на починатиот нема траги на насилство, а по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.М.(67) од Куманово за кого на 15 февруари годинава во СВР Куманово беше пријавено дека се оддалечил од домот- соопшти СВР Куманово.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на семејството.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2021 16:14