Денеска (14.04.2021) околу 12.00 часот во тетовско Копанце, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Б.З.(33) од ова село, осуден на четиригодишна затворска казна за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.
По приведувањето, реализирано со судска наредба, Б.З. денеска ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.