Денеска на паркинг во близина на Скопски саем од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи бил лишен од слобода А.Н.(33) од Скопје, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

А.Н. бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот, по насоки на Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријави поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2021 22:55