Денеска (14.04.2021) во 16.15 часот од страна на полициски службеници на СВР Тетово - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје е лишен од слобода З.Х.(48) од Тетово, бидејќи кај него при извршен преглед е пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја. З.Х. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 по Кривичниот законик.