СВР Тетово поднесе кривична пријава А.Т.(22) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 13.02.2021 околу 18.45 часот, пријавениот физички го нападнал М.М.(22) од с.Блаце, тетовско, во неговиот угостителски објект во Тетово.

Во наведеното време пријавениот дошол во објектот и побарал да биде послужен со пијалак, но откако бил одбиен со образложение дека сите маси се зафатени поради почитување на протоколите за работа и спроведување на мерките за заштита од ширењето на ковид-19, тој го нападнал сопственикот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2021 01:30