Крадци заспале на својата „работна задача“, и тоа при натрапување во детска градинка во германскиот град Шофхајм. Биле затекнати од една воспитувачка која ги затекнала како спијат утрото, доаѓајќи на работа, јави ДПА.

Тројцата мажи, на возраст од 17, 21 и 28 години, се разбудиле вчера кога полицијата пристигнала да ги уапси. По нив имало потера во врска со кражба во близина.

Истата вечер крадците влегле во канцеларија во околината и направиле материјална штета од околу 12.000 евра, како што појасни полицијата во Фрајбург. Сепак, украдените предмети не биле наменети за осомничените.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2021 12:21