Две групи мигранти физички се пресметувале на плоштадот во липковско Ваксинце, двајца од Пакистан биле повредени и се задржани на лекување, информираше денеска полицијата.
Вчера во 14:30 часот во полициското одделение Матејче, Х.И. од село Ваксинце, општина Липково, пријавил дека во близина на поштата во селото бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две групи мигранти.
-Полициски службеници излегле на местото и затекнале две лица со повреди од остар и тврд предмет, кои немале документи за идентификација и се претставиле дека се М.А.(18) и М.А.(22), двајцата од Пакистан. Тие биле пренесени во болницата во Куманово каде им биле констатирани тешки телесни повреди и биле задржани на лекување, соопшти СВР Куманово.
За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.