Денеска (15.04.2021) во Кавадарци полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Велес-ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.А. (34) од Кавадарци, кај кого при претрес бил пронајден кокаин, кој имал намера да го продава.
Во координација со ОЈО Кавадарци против Н.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.