Хотелот „Вила Нај 3,3“ во хрватска Далмација се најде меѓу хотелите од соништата на Средоземното Крајбрежје, коишто годинава ќе ги отворат своите врати за туристите.
Според американското списание „Форбс“, хотелот е посебен, бидејќи е претежно под земја. Хотелот со пет соби и три апартмани овозможува „најавтентичен контакт со природата, затоа што се наоѓа среде 10 хектари вековна маслинова шума на местото Жман, на југот на далмацискиот остров Дуги Оток.
Хотелот со пет ѕвезди, исто така, вклучува и погон за цедење маслиново масло, како и просторија за дегустација на „Нај 3,3“ – едно од првите хрватски органски маслинови масла што е сертифицирано во швајцарска лабораторија.
Хотелот може да прими најмногу 16 гости истовремено, а цената одговара на – пет sвездички. Ноќевање во „Вила Нај“ чини повеќе од илјада евра, а во екот на туристичката сезона дури и 2.000 евра.