СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.Д.(40), Ф.Д.(61) и Е.Р.(20), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.
Во текот на 2016, 2018 и 2019 година пријавените во повеќе наврати, преку услугата за брз трансфер на пари, на своите трансакциски сметки отворени во Република Македонија, врз основа на нерегулиран правен основ, примиле парични средства во вкупен износ од 22.327 евра и 8.507 американски долари, како и 3.750 денари, а кои им биле испратени од поголем број непознати лица од Германија, Швајцарија и Косово.
Притоа, Е.Р. паричните средства кои ги примил неговата трансакциска сметка, откако ги извадил му ги дал на К.Д., додека К.Д. и Ф.Д. паричните средства кои ги примиле од непознати лица на нивните трансакциски сметки, откако ги подигале од сметките, во повеќе наврати ги предавале на рака на А.К., државјанин на Турција кој престојувал во Република Македонија, кој за возврат за направената услуга им давал 1.000 денари.
Пријавените лица, со фактот што примиле парични средства од непознати лица и ги испратиле, исто така, на непознато лице, без да постои правен основ на нивното примање и испраќање, биле должни да знаат или можеле да знаат дека наведениот износ на парични средства најверојатно потекнува и е прибавен од казниво дело.
Со стореното кривично дело пријавените се стекнале со вкупна противправна имотна корист во висина од 1.821.776 денари.