Непознат сторител со употреба на сила влегол во манастирот „Свети Климент“ во струшкото село Горна Белица, но според, СВР Охрид, ништо не земал.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, појасни дека на 15-ти овој месец во полициското одделение во Велешта била пријавена тешка кражба во манастирот во Горна Белица.
– Од увидот извршен вчера констатирано е дека засега непознат сторител, во периодот од август минатата до април оваа година, со употреба на подесен алат и физичка сила, ја извадил металната решетка и прозорецот од јужната страна, влегол во внатрешноста, но не одзел ништо, изјави Димоски.
Полицијата, додаде, презема мерки за расветлување на случајот.