Четириесет и три годишен дебранец починал како последица од труење со плин. Тој се затрул пред неколку дена но одбил да се јави на лекар.

-Во 9:45 часот во текот на вчерашниот ден, во Секторот за внатрешни работи во Охрид од Општата болница со проширена дејност во Дебар, пријавено е дека на ургентното одделение, бил донесен пациент во неконтактибилна состојба и без видливи траги на насилство, кој и покрај укажаната медицинска помош, починал, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Додаде дека по известување на јавен обвинител и преземените мерки, констатирано е дека се работи за А.И.(43) од Дебар.

-Според членови од семејството, пред неколку денови инхалирал плин, при обид да отвори плинска боца по што, одбивал да се јави на лекар. Телото на починатиот, е предадено на семејството, посочи Димоски.

Во врска со почитувањето на мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот Ковид – 19, во изминатото деноноќие на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарското одделение за внатрешни работи, не се регистрирани прекршување на мерката за носење заштитна маска и полицискиот час.

Инаку, овој месец констатирани се 83 прекршоци за неносење лична заштита на лицето а од воведувањето полицискиот час го прекршиле 11 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2021 16:52