На 16.04.2021 во 14,18 часот во СВР Куманово, С.С. од с.Романовце-кумановско, пријавил дека во с.Романовце-кумановско, во дворно место на манастир „Св.Јован“ пронашол рачна бомба.
Од полициски службеници од СВР Куманово излезено било местото на настанот и извршен увид, по што од страна на пиротехничар истата била превземена за понатамошна постапка.