Во текот на вчерашниот ден Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола за санкционирање на возачите кои возат со брзина поголема од максимално дозволената, при што превземени се 79 мерки, од кои 36 на битолското и 43 на поширокото прилепско подрачје. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2021 12:37