Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 116, 15 санкции за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.
Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас и 17 мерки за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.