Во текот на вчерашниот ден (18.04.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 916 возила. Од нив, 107 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 30 возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.