Обвинителен акт против едно лице на возраст од 47 години поднесе Основното јавно обвинителство Скопје, информираат од скопското обвинителство. Лицето како што се наведува во соопштението на ОЈО Скопје, е обвинето за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

– На 25 март, при извршен претрес во домот на обвинетиот на улицата „Ордан Чопела“ во Гази Баба, било утврдено дека тој неовластено заради продажба држел 97 шишенца синтетички опијат – метадон со вкупен волумен од 970 мл, како и 980 фабрички ампули психотропна супстанција – инјекционен раствор на диазепам со вкупен волумен од 1.960 мл, соопштија од обвинилтелство.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што постои опасност од бегство и можност за повторување на делото.​​



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2021 16:06