Синоќа на 44 годишна возраст загинал жител на село Арбанашко (општина Старо Нагоричане),откако со автомобил излетал од коловозот, соопштија денеска од СВР Куманово.

На 19-ти април годинава во 23:15 часот било пријавено дека на локалниот пат село Драгоманце-село Арбанашко, во атар на Кокино, општина Старо Нагоричане, во непосредна близина на пат кој води за местото Опсерваторија-Кокино, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(44) од с. Арбанашко, излетало од коловозот.

– На местото на незгодата починал возачот, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопштија од полицијата.

Претходно и од РЦУК Куманово информираа дека возилото било најдено во провалија, а во извлекувањето на починатото лице учествувале пожарникари од Старо Нагоричане и Куманово.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2021 13:36