Државен трудов инспектор вчера при контрола на градилиште на фирма од Кавадарци, пронашол пет државјани на Република Албанија, како извршуваат работни задачи без работни дозволи и без регулиран престој.

За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Лицата биле лишени од слобода, а од страна на судија на претходна постапка, на сите им се изречени парични казни и мерка протерување, како и забрана за влез во Република Северна Македонија, во траење од пет години.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2021 14:03