Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Велес.

– Постапката е поведена бидејќи обвинетите го нарушиле полицискиот час и за време на важечката забрана за движење, без да поседуваат дозвола, се движеле на различни локации, информират од ОЈО Велес.

За осомничените предложено е изрекување парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2021 14:20