Во изминатите повеќе од три и пол месеци, на поширокото тетовско подрачје, поради истечена регистрација повеќе од шест месеци, согласно новите измени на Законот за возила (член 344), a кои стапија во сила кон крајот на декември лани, времено, на три месеци, биле одземени вкупно 45 патнички моторни возила и 3 мотоцикли. Едно од одземените возила е и поради бучавост.

– Главна цел на овие активности е навреме да се откријат и од сообраќај да се отстранат подолго време нерегистрираните возила, чија техничка исправност не била проверена и кои можат да ја загрозат сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Сопствениците ќе треба да ги регистрираат возилата или да не ги користат во сообраќај, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

На сите сопственици-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби, кои за овој вид прекршок изнесуваат 500 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2021 14:22